Патниците на кои им беше наложено да одат во карантин по влегувањето во Словенија повеќе нема да можат да го скратуваат карантинот со ПЦР тест.
Ова се должи на новите правила и одлуки што ги донесе словенечката влада, а кои стапуваат на сила во понеделник.
Одлуката е донесена по скратувањето на карантинот од десет на седум дена оваа недела, соопшти канцеларијата за комуникации на словенечката влада, пренесува СТА.
За да се избегне карантин кога влегуваат во земјата, патниците мора да имаат валидна пропусница за ковид со која се докажува вакцинацијата или потврда дека се опоравиле од ковид-19 или имале негативен ПЦР тест во последните 48 часа или брз антиген тест во последните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.