Денеска се очекува Владата на Косово да одобри нови мерки против КОВИД. Од утре се очекува да стапат на сила предлозите на Министерството за здравство. Овие мерки вклучуваат ограничување на движењето од 22:00 до 05:00 часот, додека гастрономската активност ќе биде дозволена до 21:00 часот.

КосоваПрес oбјави дека граѓаните кои влегуваат во Косово треба да ги имаат сите три дози вакцина или две дози со дополнителен негативен ПЦР тест.

Oграничувањата на движење ќе почнуваат од 22:00 часот што автоматски значи дека гастрономскиот сектор ќе работи еден час помалку, односно до 21 часот.

Најавени се и други мерки од косовската влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.