Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 9.858 нови заразени коронавирус, а починале уште 11 пациенти со Ковид-19, објави во петокот словенечкиот Институт за јавно здравје, додека уделот на позитивните тестови е најголем досега и позитивни биле над две третини.

Иако ова не најголемиот број на потврдени зарази во еден дена, бидејќи во вторникот имаше 12.286 нови коронаинфекции, за продолжувањето на тешката епидемиолошката ситуација сведочи фактот дека на седумдневно ниво растот на инфекциите и натаму е енормен, а забележан е и најголемиот удел на позитивните тестови со повеќе од две третини.

Со 14.714 ПЦР тестови потврдени со 9.858 зарази или 67 отсто, седумдневниот просек на дневните зарази е зголемен на 8.529 а 14-дневната инциденца на 4.576 нови короназарази на 100.000 жители, според податоците на институтот.

Поради ограничените капацитети за тестирање на брисовите, министерството за здравство договори испраќање на дел од примероците на ПЦР тестирање во една лабораторија во јужна Германија, а во преговори е и со уште една институција во Виена.

Според податоците на министерството за здравство, во словенечките болници во моментов се згрижени 599 ковид-пациенти, од кои 143 се на одделите за интензивна нега, а бројот на активните случаи на заразата надминал 96.000.

Со последните смртни случаи, бројката почината од почетокот на епидемијата на Covid-19 се зголемила на 5.743, додека вкупната вакцинираноста на популацијата не се зголемила значително и изнесува 57,2 отсто од оние кои добиле барем две дози од вакцините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.