Австриската полиција трага по две жени кои беа снимени во Виена со девојчето за кое се верува дека е малата Данка Илиќ, која исчезна на 26 март во Бањски Поље кај Бор.

Полицијата објави и фотографии од жените по кои трага.Австриската полиција денеска соопшти дека се верува дека видеото е навистина мала Данка.

Виенската полиција апелираше до сите граѓани кои имаат какви било информации за жените од видеото да се јават кај органите на прогонот на 01-31310-33800 или во која било полициска станица.

Откако се појави видео направено во Виена, на кое во придружба на две Романки се гледа девојче кое изгледа и неверојатно личи на мала Данка, во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција.

Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени фотографирани со девојчето веднаш да се обратат во полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.