Децата примени во бугарската болница „Пирогов” по несреќата со српскиот автобус се уште се во тешка состојба, соопшти денеска на брифинг со новинарите директорот Валентин Димитров.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повредените се сместени на интензивна нега, но нема директна опасност по нивните животи.

Едно дете по долга операција вчера ноќта ја помина релативно мирно. Утрово екипите се собираат и има уште две операции кои се потребни за подобрување на неговата состојба. Сите медицински и хируршки екипи на „Пирогов” се во готовност, додаде д-р Димитров.

Тој додаде дека неговите колеги имаат целосна поддршка од Министерството за здравство на Бугарија.

Амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ, им се заблагодарува на бугарските власти за помошта во спасувањето на децата по несреќата со неговите сонародници на автопатот Тракија во неделата вечерта.

Тој објави дека речиси сите српски деца се веќе во Србија.

Двете деца кои се оперирани останаа во Софија, а во Стара Загора има семејство од мајка и татко со нивните три ќерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.