На електронските адреси на неколку училишта во Црна Гора утринава пристигнале дојави за наводно поставени бомби, јавија црногорски медиуми. Полицијата е на терен и се проверуваат училиштата, јави РТЦГ.

Полициската управа ги презема сите мерки и дејствија од нејзина надлежност за заштита на наставниот кадар и учениците.Ќе се работи на идентификување на имејл адресата од која дошле заканите“, пренесе медиумот изјава од полицијата.

Образовните власти пред две недели ја прекинаа редовната настава и воведоа онлајн настава во образовните институции, откако на мејловите на 93 црногорски училишта пристигна заканувачки мејл за подметнати бомби, за кои се покажа дека се лажни.

Полицијата тогаш соопшти дека со помош на своите чешки колеги сомничила малолетен државјанин на Чешка за лажни заканувачки мејлови.

Минатата недела беше евакуирана и зградата на Универзитетот на Црна Гора во Подгорица, откако на адресата на таа институција беше испратен мејл со закана дека во зградата е поставена бомба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.