Напуштањето на животните во Хрватска наскоро би требало да стане кривично дело со затворска казна до една година, пишува „Јутарњи лист“.

Тоа ќе биде дел од новиот пакет измени на Кривичниот законик, кој веќе една година го пречистува работната група на тамошното Министерство за правда и администрација, а кој досега бил втор план, па затоа за него не се дебатирало воопшто во јавност.

Но, од документите на работната група која работи на новиот закон, јасно се гледа дека во овој пакет измени Министерството одлучило да работи на зајакнување на заштитата на животните, со што напуштањето на животните се третира како кривично дело.

Во Хрватска за првпат напуштањето на животните се третира како кривично дело за кое може да се изрече затворска казна



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.