Весникот „Albanian post“  повикувајќи се на западни дипломатски извори го открива договорот кој Косово и Србија мора да го постигнат до 24 февруари 2023 година.

Во првата Србија нема да треба да го менува Уставот, додека Косово ќе мора да формира ЗСО, исто така без менување на нејзиниот устав. Се наведува и дека ЗСО нема да биде невладина организација, но и дека нема да има голема моќ.

– Доколку се постигне договор,  ќе има финансиски пакети. Доколку не се постигне ќе има  „жесток ќотек“ за попречувањето – пренесува весникот.

Дури и ако двете страни одбијат да станат кооперативни партнери, меѓународната заедница има трет начин да го постигне во поинаква форма она што во моментов го бара преку шатл-дипломатијата, додава весникот.

Една од најважните точки е точката три. Според оваа точка, „бидејќи меѓусебното признавање не е дел од оваа фаза, тоа значи дека во оваа фаза од Србија нема да се бара промена на Уставот“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.