Oд потишувањето на Договорот од Преспа во 2017 година една од обврските на Грција да ги промени таблите на кои беше напишано ФИРОМ или пак Скопиа.

Пет години Грција нема променето ниту еден патоказ на кој ќе стои новото име. Грчките власти се правдаа дека тоа е обврска на општините, односно префектурите кои ете немаат доволно желба тоа да го променат.

Но, сепак нешто се работи.Во екот на туристичката сезона сепак се поставени нови табли на патот кон Битола. Нови, свежо фарбани, но наместо името „Македонија“ повторно стои „ФИРОМ“.

Навистина добрососедски, нема што.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.