Водачот на Шкаљарскиот клан Јован Вукотиќ влегол во Турција откако направил пластична операција на непозната локација, објави турската полиција.

Министерството објави две слики на Вукотиќ, едната од 2018 година, а другата од 2021 година.

Тој влегол во Турција со лажни документи, на име Предраг Поповиќ, претставувајќи се како агент за недвижности.

Јован Вукотиќ (42) беше убиен на 8 септември во Истанбул пред очите на бремената сопруга и детето, кога напаѓачи со мотор се приближиле до нивниот автомобил и испукале пет куршуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.