По Словенија, Хрватска и Србија, утрово многу бурно невреме пристигна и во Црна Гора. Силниот дожд пропратен со урагански ветрови уриваше дрвја, носеше ќерамиди, мебел на плажа и предизвика колапс во сообраќајот.

Како што објави порталот Бар инфо, од невремето што утрото го зафати Бар, загинал работник на кран на градилиштето „Челебиќ“ во Чање. Исто така, едно лице загина од удар на гром во Луштица, информираат за агенцијата МИНА од Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) на Полициската управа.

„Се чини дека едно лице е смртно погодено од гром на теренот за голф Лустика Беј“, соопшти ОКЦ.

 

Во пристаништето Бар паднаа големи кранови, а од компанијата потврдија дека материјалната штета е огромна.

Според податоците на метеоролошката станица Бар, ударите на ветерот во моментот на невремето достигнале брзина од 200 километри на час.

Поради обилните врнежи во Подгорица и на брегот, водата се излеа на улиците, но навлезе и во некои подруми и станбени згради, додека речиси целиот центар на Будва е под вода.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.