Според извори на Телеграф, убиецот Вук Бориловиќ, масакрот го извршил по расправија со семејство кое живеело кај него како потстанари, откако претходно настанала кавга за нерасчистени сметки и доцнење со исплаќањето на киријата.
Телеграф пишува дека Бориловиќ ја притискал жената која била потстанар да ги исплати сметките што е можно поскоро, по што жената се пожалила кај нејзиниот сопруг, кој бил на пат. По овие настани, некаде околу 16 часот во куќата пристигнал пријател на семејството, по што настанала расправата, а Бориловиќ најпрвин посегнал по животот на семејниот пријател, а набрзо пукал и го убил и семејството кое живеело во куќата, за на крај да излезе на улица каде започнал да пука во случајни минувачи. Напаѓачот наводно ја спречувал брзата помош да им пријде на жртвите пред да биде убиен од страна на полициските сили. Според информациите, до скоро, Бориловиќ се лечел во психијатриска установа.
Во масакрот во Цетиње според неофицијални информации настрадаа 11 лица, меѓу кои има деца, а повредени се најмалку 6, од кои три се потешко повредени и се наоѓаат во Општата болница Цетиње. Тие се на одделот за хирургија и лекарите се борат за нивните животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.