Девојката која беше тешко повредена при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад почина во Клиничкиот центар во Војводина, изјави директорката на Клиничкиот центар во Војводина (КЦВ), Весна Туркулов, јавува Н1.

Се работи за пациентката со најтешки повреди. Петнаесеттата жртва во несреќата што се случи на 1 ноември во Нови Сад. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход, изјави Туркулов.

Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите сè уште се борат за животот на две сериозно повредени лица.

Во име на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам длабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа сè од себе“, рече Туркулов.

Младата кошаркарка и ученичка на кинески јазик, Ања Радоњиќ од Параќин, почина 17 дена борба. Таа се здобила со сериозни повреди при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, од која не можела да се опорави. Имала внатрешно крварење, раката и била ампутирана и била приклучена на дијализа.

Семејството и нејзиното момче деноноќно биле во болница и се молеле за нејзино опоравување, но за жал, Ања не можела да се справи со нејзините страшни повреди.

Дечкото, кој бдееше покрај болничкиот кревет, беше и последниот со кој Ања разговарала пред да се случи несреќата на железничката станица. Имено, двајцата разговарале на телефон додека таа излегувала од станицата во Нови Сад каде тој ја чекал, а потоа на само неколку метри од него се случила трагедија.

На сите им е тешко, а тој, како што рече, бил на неколку метри од неа. Ја чекаше да излезе од железничката станица. Во моментот кога се случила несреќата, кога паднала настрешницата, двајцата разговарале на телефон… Видел се, секој момент – изјавил за Информер роднина на починатото девојче.

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември, кога 14 лица загинаа на лице место, а три беа тешко повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.