Австрискиот канцелар Карл Нехамер, порача дека Босна и Херцеговина може уште годинава официјално да добие кандидатски статус за членство во Европската Унија.
По Европскиот совет, Нехамер изјави дека има промена на парадигмата.
Според него, Босна и Херцеговина повторно се нашла во фокус, иако Украина и тамошната војна се доминантни теми.
Нехамер потсети дека земјата мора да спроведе 14 реформски точки, бидејќи досега направила премалку.
Доколку земјата сега ја спроведе реформата на изборниот закон и Уставот, Нехамер е уверен дека тогаш има јасна шанса да добие кандидатски статус, а штом ги исполни сите 14 претходно поднесени барања, можно е да почне и пристапните преговори.
Нехамер пренесе дека од Самитот е испратена порака до Европската Комисија да се забрза процесот за кандидатите.
Тоа уште годинава ќе донесе резултати – смета австрискиот канцела
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.