Небојша Медојевиќ, еден од најдобрите познавачи на политичката состојба во Црна Гора открива за врските помеѓу Дритан Абазовиќ и актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ.

Мило Ѓукановиќ и Дритан Абазовиќ се сретнаа во Дубаи. Отворено се сомневам дека се работи за пари, бидејќи единствениот мотив за тоа што го направи Дритан беа парите. Отворено се сомневам дека се договориле за парите. Имате ситуација кога премиерот го обвини својот внук дека го поддржува нарко картелот и дека му ги дал информациите што меѓународните служби му ги дале на Дритан Абазовиќ за да го заштити нарко кланот, ова е кафе кланот во Црна Гора. А вицепремиерот го обвини премиерот за шверц на цигари, што е и точно, бидејќи близок роднина на премиерот Кривокапиќ е еден од главните дистрибутери на шверц на цигари во претходниот режим.

Вицепремиерот и лидер на УРА, Дритан Абазовиќ денеска се соочи со демонстрантите кои протестираа пред зградата на Радио Телевизија Црна Гора.

Полициски сили се собрани околу зградата на црногорската телевизија, кои го штитеа Абазовиќ од обидите на некои демонстранти да дојдат до него

Протестите се резултат на владината криза, која настана откако Абазовиќ поднесе иницијатива за уривање на владата на премиерот Здравко Кривокапиќ, а Кривокапиќ поднесе иницијатива за негова смена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.