Невидена трагедија се случила во селото Добрљин кај Нови Град (Босански Нови), каде полицијата во семеен дом пронашла безживотни тела на две жени и еден маж со тешки повреди.

Медиумите во БиХ првично објавија дека мажот најверојатно ги убил мајка си и сестра си, а потоа и себеси. Сепак, подоцна, полициски извори соопштиле дека тричленоѕо семејство од Босна и Херцеговина извршило колективно самоубиство. Тие биле поттикнати од тага поради смртта на нивната 34-годишна внука, односно ќерка, која имала леукемија.

Извештајот на истрагата открила дека мажот со огнено оружје ги убил двете жени, а потоа самиот се обидел да се самоубие. Тој починал на пат кон болница. Истрагата покажала дека убиените се мајката на З.З и ќерката на Љ.К., а нивниот убиец или самоубиец е синот на жената со иницијали Ж.З.

Како што јави Алтернативната телевизија на Бања Лука (АТВ), истражителите во куќата пронашле дури седум проштални писма до други членови на семејството и пријатели, од кои се чини дека тројцата решиле да го направат овој чин откако тешко болната внука, односно ќерка, на Љ.К починала во мај.

Во писмата наведуваа кој ќе ги закопа и каде… Оставија банкарски картички со писмата, и напишаа пинови за да може да се подигнат пари за погребни трошоци“, цитира АТВ извор близок до истрагата.

Три дена пред да си ги одземат животите, тие нарачале и три ковчези во кои ќе ги закопаат.

Се претпоставува дека пред убиството и самоубиството сите тројца вечерале, пиеле ракија, се истуширале и се пресоблекле, ја заклучиле вратата, а од бравата го извадиле клучот за подоцна да може да се влезе во куќата.

Изворот изјавил дека оставиле 200 конвертибилни марки во плик и во писмото навеле дека овие пари се наменети за набавка на цвеќе што треба да се однесе на гробот на починатата 34-годишна жена, на точно одреден датум. Едно од писмата било упатено до нејзиното момче.

Детално опишуваат што ќе прават и како… Дури напишаче дека непосредно пред трагичниот чин ќе се напијат ракија, а во текот на истрагата биле пронајдени шише ракија и три чаши на маса. Претходно се истуширале, се пресоблекле во чиста облека… Потоа легнале во кревет и направиле како што изјавиле“, објаснува изворот од истрагата.

Сосед на семејството за АТВ изјавил дека немало најава дека ќе се случи ваква трагедија.

Полицијата се распраша дали некој од нас видел или слушнал нешто. Ги интересираше дали некому му се довериле“, додал изворот, наведувајќи дека помогнал во извршувањето на телата кои биле пронајдени на креветот во куќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.