Американските војници во рамките на НАТО се распоредени долж главните патишта на северот на Косово и Метохија по неуспехот на преговорите во Брисел, јавува Асошиејтед прес.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави во четвртокот по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Курти во Брисел дека „за жал, не е постигнат договор, но тоа не е крајот на приказната“.
Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, во петокот оцени дека иако многумина се разочарани што вчера во Брисел нема напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, сепак резултатот од тие разговори е позитивен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.