НАТО оценува дека севкупната безбедносна ситуација на северот на Косово е тензична и дека воената алијанса е подготвена, во согласност со својот мандат, да интервенира доколку е загрозена стабилноста.
Нашата мисија КФОР е целосно фокусирана да задржи безбедна средина и слобода на движење за сите граѓани на Косово – се вели во соопштението на НАТО.
Од мисијата порачаа дека Алијансата продолжува целосно да го поддржува процесот на нормализација меѓу Приштина и Белград преку дијалогот со посредство на ЕУ, кој тие го карактеризираат како клучна работа за регионалниот мир и безбедност, пренесе Бета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.