Најмалку три лица се загинати по паѓањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, пишува српски „Новости“.
Настрешницата се урна на пладне, а на лице место пристигнати се два багери за да ги откопаат урнатините, додека седум екипи на брзата помош и три противпожарни возила се на терен. Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата и под која патниците чекаат автобуси за пригратските населби.
View this post on Instagram
Армираната конструкција долга 50 метри се урна од засега непознати причини, а според „Новости“ досега се извлечени три тела. Бројот на повредени лица сè уште се утврдува.
Градоначлникот на Нови Сад е на лице место, а министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ денеска ја прекина посетата на Црна Гора и се упати во Нови Сад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.