Един Гачанин или Тито, најголемиот балкански наркобос кој има холандско државјанство, е ставен под санкции на американското Министерство за финансии и му се губи трагата.
Тито, кој Европол го смета за еден од шефовите на „суперкартелот“ кој контролира третина од сообраќајот на кокаин од Јужна Америка кон Европа, е во бегство и не се знае каде се наоѓа.
Един Гачанин, родум од Сараево, е лидер на картелот Тито и Дино, на кој припаѓаат и членови на неговото семејство и пријатели од Босна и Херцеговина, пишува во соопштението на американското Министерство за финансии за воведување санкции.
Покрај трговијата со дрога, картелот се занимава и со перење пари и тесно соработува со озлогласената ирска криминална група предводена од Даниел Кинахан.
Гачанин е ставен под санкции затоа што инвестира пари во шверц на дрога, соопшти Министерството за финансии.
Оваа одлука наводно ја донело Министерството за финансии во координација со американската Администрација за борба против дрога – ДЕА, Европол и владите на Холандија, Франција и Белгија. Не се знае каде е моментално Гачанин.
Тој исчезна откако беше ослободен во јануари од нејасни причини од притворот во Дубаи, каде што беше задржан по неговото апсење во големата меѓународна операција „Пустинска светлина“. Иако е осомничен дека водел „суперкартел“ кој, според Европол, контролира една третина од продажбата на кокаин во Европа, Гачанин по два месеци во притвор се ослободил и исчезнал без трага.
Не е јасно како се случило – медиумите тврдат дека Холандија, чиј државјанин е Гачана, не испратила навреме барање за негова екстрадиција до Емиратите, но холандското обвинителство го негираше тоа, велејќи дека нивното барање за екстрадиција е одбиено. .
„Суперкартелот“ се состои од криминални групи од Балканот, од Ирска, Италија и Мароко, а Гачанин го предводи балканскиот клан. Тој главно купувал дрога од нарко-босови во Перу и ја шверцувал во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.