На таткото на Д.Д., осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), му е одредена мерка притвор до 30 дена, јавуваат медиумите.

Р.Д., таткото на Д.Д., осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), е приведен во Вишото јавно обвинителство во Зајечар поради сомнение дека му помогнал на синот да го отстрани телото на девојчето.

Тој се бранеше со молчење во Обвинителството.

Таткото на осомничениот за убиството бил донесен со брза помош, а двајца полицајци го спровеле до обвинителството.

Да потсетиме, претходно денеска полицијата соопшти дека осомничениот Д.Д.(1984) од Бор, кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д.Д., осомничениот за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ по извршеното злосторство, почина ноќеска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.