Косовскиот дистрибутерот на електрична енергија (КЕДС) од денеска почнува со рестрикции на струјата во период од два часа за сите корисници на струја.

Дообјаснуваат дека корисниците ќе имаат струја шест часа, а потоа ќе бидат исклучени два часа.

Како што е соопштено КЕДС добил наредба од Националниот диспечерски центар на Косово бидејќи компанијата веќе нема пари да купува струја од странство, и ќе се сведе на дистрибуција само на домашна електрична енергија.

Од КЕДС посочуваат дека ваквата состојба настанала поради екстремно високите цени на струјата на меѓународните пазари и неисполнувањето на трошоците на системот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.