Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во зградата на Претседателството, каде ќе се одржи вонреден состанок со сите клучни луѓе од безбедносниот сектор, јавија белградски медиуми.

Според информациите на „Новости“, на состанокот ќе се разговара за безбедносната состојба во државата, по опасните пораки изнесени на вечерашниот собир на екстремисти во Белград.

Се очекува да се разгледа и улогата на одредени странски разузнавачки структури.

Учесниците на протестот, кој започна во 18 часот, претходно вечерва не ги доставија своите барања до Претседателството, кои се однесуваат на повлекувањето на Вучиќ од преговорите со Приштина, објавувањето на француско-германскиот предлог и неговото одбивање. Тие го очекуваат обраќањето на претседателот на државата.

Силни полициски сили ја обезбедуваат зградата на Претседателството и се присутни и на други локации во центарот на Белград, јави Бета.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.