Тензично беше при крајот на првиот протест во Белград против прифаќањето на француско-германскиот план за Косово. Како што пренесува Н1, полициската единица опремена за разбивање демонстрациите спречи насобраните демонстранти да стигнат до влезот во зградата на Претседателството.

Таму беше турната полициската ограда и беа фрлани јајца кон зградата.

Професорот Дејан Мировиќ во име на насобраните се обиде на главниот влез на Претседателството да предаде четири барања од протестот, кои никој од полицајците кои го блокираа влезот не сакаше да ги прифати, јави Бета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.