Бугарија уништува големи количини на истечени дози од вакцината „Ковид-19“ и не планира да ги надополнува своите залихи, изјави бугарскиот министер за здравство. „Во овој момент нема луѓе кои сакаат да се вакцинираат“, вели во интервју за државната телевизија Асен Междиев, кој привремено ја извршува функцијата министер за здравство.

„Огромни количини“ вакцина со поминат рок се веќе уништени, а оваа година треба да се отстранат дополнителни 2,8 милиони дози, рече тој. Тој и порача на Европската комисија дека Бугарија сака да го прекине договорот со BioNTech/Pfizer, според кој неговата земја е обврзана да ја купи вакцината против коронавирусот до 2025 година, рече Междиев.

Овој став е поддржан од Полска, Чешка и Литванија, рече тој.

Бугарија има најниска стапка на вакцинација во Европската унија. Само 30 отсто од населението од 6,5 милиони имаат основна имунизација против вирусот, според официјалните податоци. Нема задолжителни заштитни мерки против вирусот од средината на ноември 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.