Граѓаните на Хрватска минатата година го собориле рекордот со повеќе од 20 милиони денови поминати на боледување, покажуваат најновите податоци на Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗ ЗО).
Во просек дневно на боледување биле околу 33.000 луѓе, објави ХРТ, прецизирајќи дека лани биле реализирани дваесет милиони и сто илјади боледувања.
Гледано по градови, најмногу боледувања отвориле граѓаните на Риека, каде што секој вработен во 2021 година бил на боледување во просек по 14 дена. Следат работниците во Загреб, Госпиќ, Чаковец …
Сето ова боледување, работодавачите и државата го платиле три милијарди куни (398,5 милиони евра).
Загрижувачки е тоа што пред повеќе од една година имало 2,3 милиони дена боледување на сметка на работодавачите, вкупната стапка на раст била 13,2 отсто на сметка на работодавачот, а генерално стапката е значително повисока, 18,3 отсто – вели Милка Косановиќ од Хрватското здружение на работодавачи.
Таа додава дека нивните контроли покажале дека боледувањето не се користи исклучиво од потреба.
Работодавачите затоа бараат побрзи и построги контроли, а министерот за здравство ги најавува како дел од измените на законот за задолжително здравствено осигурување до крајот на годинава.
Се предвидува инспекторите, при контролата да можат да го заклучат боледувањето кај одредени лекари на лице место, што досега не беше случај. Исто така, се планираат одредени вонредни контроли доколку работодавачот има некаква информација за злоупотреба – вели министерот за здравство, Вили Берош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.