Тројца црногорски државјани се повредени, од кои двајца потешко, во експлозија на контејнерскиот брод „MСЦ Рејчел“, во близина на пристаништето Тулон во Франција, јавува РТЦГ.

Регионалниот оперативен центар за набљудување и спасување на Медитеранот е предупреден за брод во тешкотија кај францускиот брег – пишува „Франс 3“.

Според првичните информации, во машинскиот простор се случила експлозија, која предизвикала пожар на бродот, при што се повредени три лица, од кои две потешко. Француската морнарица ги префрлила сите повредени на брегот.

Контејнерскиот брод „MСЦ Рејчел“, кој плови под панамско знаме, е товарен брод долг 334 метри со голем капацитет и носивост од околу 100.000 тони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.