Дванаесет лица, од кои осум се деца и четворица возрасни, се повредени при превртување на автобус со српски регистарски таблички во Бугарија. Според првите неофицијални информации, најмалото хоспитализирано дете има шест години, а најстарото 17 години.
Автобус со српски регистарски таблички, во кој биле деца на фолклорна група од Батајница, денеска се превртел на автопатот Тракија. Несреќата се случила околу 20 часот и 10 минути на 216-от километар во правец кон Софија, недалеку од Стара Загора. Полицијата и пожарникарите се на терен. Сообраќајот во областа се одвива отежнато.
Децата патувале кон Белград, по одморот на Сончев брег каде учествуваа на фолклорен фестивал во Несебар, изјави еден патник во автобус.
Од примените деца, четири се испратени на скенирање. Едно од постарите повредени има сериозна повреда на ногата и најверојатно ќе му биде потребна ампутација – изјави директорот на Универзитетската болница во Стара Загора, проф. Јовчо Јовчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.