Во крајно тенденциозен текст на БГНЕС, бугарскиот медиум ја критикува посетата на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова на Софија за да присустува на операта „Набуко“ на Македонската опера опера и балет.
На Бугарите им пречи што македонската претседателка е културна и оди на еден вид културна дипломатија.За источните соседи тоа е неразбирливо.
Според БГНЕС, Македонија, поточно нејзината претседателка сака да испадне фина и културна пред очите на ЕУ. Колку ниско.
Дури и велат дека ова не била официјална посета и оти не била поканета од страна на нејзниот бугарски колега Румен Радев. Никој не вели дека ова е официјална посета. Зарем е забрането претседателката да оди во Софија и да гледа опера?
Ќе дојде време и за официјална посета кога во Софија ќе има европски претседатели и влади, а не како сегашните кои се заглавени во минатото.
Во секој случај ова е победа на гости на македонската претседателка и лекција како треба да се однесува еден шеф на држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.