На граничниот премин Божај, црногорските власти заплениле околу 500 килограми марихуана и 20 килограми хашиш откриени во камион со албански регистарски таблички, пренесуваат албанските медуми, повикувајќи се на црногорската полиција.
Дрогата е пронајдена во камион натоварен со вреќи со суви лековити билки, кој претходно минал на преминот Хан Хоти од албанска страна. Требало да транзитира низ територијата на Црна Гора, со крајна дестинација Германија. Истата била сместена во 80 вреќи, а ја открило службено полициско куче тренирано за пронаоѓање наркотици, наведуваат медумите.
Упасен е возачот на камионот, албански државјанин, кој ќе одговара за кривично дело „производство, држење и ставање во промет опојни дроги”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.