Според сознанијата на телевизијата „Н1“, европарламентарци им кажале на своите колеги во српскиот парламент што може да се случи доколку Србија не го прифати француско-германскиот предлог за договор со Косово.
Доколку не се прифати договорот, Србија нема да биде остров, туку Иран во Европа“, ги пренесува зборовите на пратеник во Европскиот парламент соговорник на „Н1“.
Тој додава дека европратениците изјавиле оти на претседателот на Србија, на средбата со меѓународната петорка на 20 јануари, му било кажано дека влезот на Србија во ЕУ може да се постигне во 2030 година и дека овој пакет треба да важи за сите земји од Западен Балкан.
Делегација на Европскиот парламент за меѓупартиски дијалог, предводена од Владимир Билчик и Матјаж Немец, престојува во посета на Србија. Денеска разговарале со пратеници во српскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.