Српското МВР ја забрани Парадата на гордоста, во рамките на Европрајд 2022 што требаше да се одржи во сабота на 17 септември.

Причината, како што е наведено, е безбедноста, бидејќи за тој ден е закажан контра митинг и постои опасност од конфликт меѓу двете групи.

Еден од организаторите, Горан Милетиќ, по оваа одлука за ТВ Нова истакна дека без разлика на одлуката „прошетката ќе се одржи“.

– Во 14:15 часот добивме известување дека не е дозволена прошетка, а во решението е наведено дека причината за забраната е безбедноста. Тоа е се што знаеме во моментов. Нашиот правен тим веќе започна со подготовка на претставка до полицијата. Ова е прва пријава што се поднесува во рок од 24 часа, рече Милетиќ.

Претседателот Александар Вучиќ претходно најави дека ќе биде прекината практиката да се одржува прошетка поради безбедносни причини, но дека конечната одлука ќе биде донесена 96 часа пред почетокот.

Во понеделникот на отворањето на Еуропрајд организаторите порачаа дека во секој случај ќе шетаат и дека е срамота што државата не им дозволува на граѓаните да ги остварат своите права и слободи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.