Сликите кои доаѓаат од Белград и протестите на српската опозиција нам во Македонија ни се добро познати. СДСМ и „шарената револуција“ го спроведуваа речиси истото сценарио во 2015 година.Но ,немојте да мислите дека на српските или на македонските „шарени“ крешењето и рушењето им дошло спонтано.

foto kurir.rs

Сето тоа е изведено „by the book“ односно по книга.Книгата во која тоа е детално разработено се вика „Мустра за револуција“ од авторот Срѓа Поповиќ.

Бојадисувањето на спомениците, фрлањето боја во фонтаните, протестите, блокирањето на улиците, графитите низ целиот град… сето тоа е изум на Поповиќ, кој дебело им го продаваше на македонските, а сега и на српските на опозиционери.

Лидерот на КАНВАС во книгата вели дека насилното симнување од власт на легално избрани влади е добро испробан рецепт во Србија во деведесеттите, Украина, Сирија, Египет, Тунис.

фото курир.рс

Крајната цел на КАНВАС во овие револуции е да се симне легално избраната власт, а да се донесе т.н. продемократска влада, која би била марионета на Западот.

Во книгата, Поповиќ ги храбри демонстрантите да не се плашат ако бидат приведени од полицијата и дека е „кул“ да бидеш уапсен.

Нашите демонстрации стануваа најдобрите журки во градот. Ако не сте таму можете да се простите од општествениот живот. И никој не беше повеќе кул од оние што беа уапсени. Ако те пикнат во затвор значи дека си пркосен и храбар, а тоа значи и дека си секси“, стои во „Мустра за револуција“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.