Дарко Гајслер од Панчево, кој наводно е убиен на 5 јануари во населбата Ембаре во Сантос, Бразил, Неговото пораешно презиме е порано се викал Недељковиќ и е осомничен дека го убил Андрија Мрдак на 25 декември 2014 година, пред влезот на затворот Спуж во Црна Гора..

Црногорската полиција тогаш го идентификувала врз основа на ДНК траги пронајдени на местото на злосторството и оттогаш трага по него. Наводно, тој важел за лице од безбедносен интерес близок до Шкаљарскиот клан.

Безбедносните камери го снимиле Дарко ако се симнува од велосипедот, со детето на него, пред капијата на зградата во која живеел со сопругата и  и се обидува да ја отвори вратата. Убиецот, кој најверојатно го чекал, потоа истрчува од белиот автомобил, притрчува до Дарко Гајслер и испука шест куршуми во него.

Во моментот кога убиецот пукал во него, детето паднало од велосипедот, а се се случило пред очите на неговата сопруга. Полицијата на местото на злосторството пронашла три чаури – пишуваат бразилските медиуми.

Инаку, како што изјавија, убиецот имал ракавици на рацете и маска на лицето, за да не остави траги.

Убиството погледнете го тука.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.