Младо момче е во тешка состојба по вчерашните пукотници во Земун. Како што пренесува српски „Телеграф“, во престрелката околу 22 часот тешко повреден е 25-годишниот Урош Кецмановиќ.

После пукотниците, тој бил ставен во автомобилот, од страна на неговите пријатели, еден од нив водач на навивачката група на Партизан, и го напуштиле местото.

Кога полицијата ги запрела, со Брза помош ранетиот бил пренесен во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Српскио портал пренесува дека има прострелна рана на ногата и во гениталиите, а засега сите одбиваат соработка со полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.