Субвенции за домаќинствата кои се греат на струја, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната владина седница, како дел од новите мерки што се разгледуваат за поддршка на граѓаните во справувањето со високите цените, јави дописничката на МИА од Атина.
На почетокот на седницата, грчкиот премиер истакна дека нивниот „компас постојано укажува на реформи“ и посочи дека она што го најавил од Меѓународниот саем во Солун за борбата против даночното затајување „сега добива форма на закон“.
Соопшти поврзување на ПОС апаратите со фискалните каси, регулативи против шверцот на гориво, промени во начинот на оданочување на одредени категории вработени итн.
Сакам да повторам дека парите од откривањето на даночно затајување се јавно богатство. Моја заложба е да се вратат во општеството, да го подобрат секојдневниот живот на граѓаните. Да се претворат во подобро здравство, повеќе средства за образованието, поефикасна јавна безбедност и одбрана – истакна Мицотакис
Паралелно, се осврна и на ситуацијата на Блискиот Исток, повторувајќи дека Грција, како сила на стабилност во регионот, го признава правото на Израел на самоодбрана, врз основа на меѓународното и хуманитарното право, но и дека терористичката организација Хамас ја одвојува од палестинскиот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.