Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ го коментира ставот на мандатарот за формирање влада, Христијан Мицкоски, во врска со употребата на името Македонија.

„Премиерот на Cеверна Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција кога ќе се сретнеме на НАТО-самитот“, рече грчкиот премиер.

Тој додаде и дека договорот од Преспа обезбедил едно име за севкупна употреба, а не двојна формула, и го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го иницира на НАТО-самтитот во првата половина на јули.

„Секако, ќе го иницирам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Cеверна Македонија дека ќе има големи проблеми не само во нејзините билатерални односи со Грција туку и во односите со НАТО и Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка“, рече Мицотакис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.