По објавата дека морска мина од Украина стигнала до Босфор, откриена е уште една овој пат во близина на Бугарија. Се претпоставува дека оваа мина пристигнала и од Украина, односно од Одеса, каде поради дејство на морски струи се откачила котвата на контактна мина и тргнала на пат кон излезот од Црното Море кон Медитеранот.
Турција испрати експерти за неутрализирање на морските мини, за кои велат дека претставуваат зголемена опасност за поморскиот сообраќај во Црното Море, особено кога се минува низ Босфор и Дарданелите, бидејќи експлозија на морска мина би предизвикала прекин на поморскиот сообраќај.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека е откриена пловечка мина во близина на градот Игнеада во близина на бугарската граница во Црното Море.
– Мината е веќе обезбедена и започната е интервенцијата за нејзино неутрализирање – се наведува во соопштението. Првата мина беше пронајдена и неутрализирана од турската морнарица во саботата, откако рибар пријавил дека видел мина на околу два километри од влезот во Босфорското Море, северно од Истанбул-велат турските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.