Мило Ѓукановиќ поднесе оставка од функцијата претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС). На чело на оваа партија е од 1998 година. За ваквата одлука Ѓукановиќ ги информирал своите сопартијци. Седницата на Главниот одбор ќе се одржи наскоро.
Мило Ѓукановиќ беше премиер на Црна Гора во четири мандати: од 1991 до 1993 година, од 1993 до 1996 година, од 1996 до 1998 година, од 2003 до 2006 година, од 2008 до 2010 година и од 2016 до 201 година. Тој беше претседател на Црна Гора од 1998 до 2002 година, а вршител на должноста министер за внатрешни работи во 2006 година.
В.д. претседател на партијата ќе биде Данијел Живковиќ, кој во моментов е на чело на клубот на пратеници. Да потсетиме, во недела на 2 април во Црна Гора се одржа вториот круг од претседателските избори на кои Мило Ѓукановиќ освои 40 отсто од гласовите наспроти Јаков Милатовиќ кој освои 60 отсто од гласовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.