Шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков, изјави дека и Бугарија сака да биде дел процесот околу уставните измени во Македонија.

Веста ја пренесоа повеќе бугарски медиуми, повикувајќи се на државната бугарска новинска агенција – БТА.

Коментирајќи го премачкувањето со боја на таблата на сега згаснатиот бугарски клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Милков се осврнал и на процесот на уставни измени.

– Како што дознаваме, се разговара за варијанти на идните текстови кои би биле промена на Уставот, посочил бугарскиот министер пред бугарските медиуми. Ние би сакале да бидеме дел од овој процес за да се одвива непречено и би сакале да се консултираме со нив за овие прашања. Во оваа смисла, вчера имав краток разговор со министерот Бујар Османи и се надевам дека ќе одговорат, изјавил Милков, пренесе БТА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.