На синоќешната средба во Белата куќа со американскиот претседател Џо Бајден, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека Грција е столб на стабилност на Балканот и сигирен партнер во Источен Медитеран.
Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО и сега не е најдобро време ова прашање да се употребува за пазарење, изјави денеска за Ем-ес-ен-би-си, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во однос на најавената блокада од страна на Турција.
-За (блокадата) треба да го прашате турскиот претседател… Очекувам ова прашање да се разреши изјави тој.
Мицотакис додаде дека Грција ги поддржува членствата на Шведска и Финска во НАТО.
-Тоа е нивно суверено право. И на крајот не очекувам да има сериозни забелешки, изјави тој.
За да ја осигураат својата безбедност, откако Русија изврши инвазија во Украина, Стокхолм и Хелсинки најавија дека ќе поднесат формално барање за членство во воената алијанса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.