Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац била нападната во центарот на Мадрид и за случајот е отворена истрага.

Амбасадорката била нападната на улицата каде што живее, а напаѓачот и го повредил грбот. Од изјавите на присутните сведоци се сомнева дека, според неговиот говор, се работи за лице со албанско потекло.

Ирена Шарац е родена на 9 април 1980 година во Белград. Завршила Специјални академски студии – Меѓународни односи.

Има долгогодишно работно искуство во дипломатијата како помошник министер за надворешни работи за билатерална соработка со звање амбасадор, во МНР работела и како раководител на Одделот за Азија, Австралија и Пацифик, како и во секторот за билатерална соработка. Била и советник задолжен за Народна Република Кина, Република Кореја и Монголија. Работела и во Амбасадата на Република Србија во Народна Република Кина и Грција.

Зборува англиски и кинески, како и шпански и француски.

Веднаш по нападот, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ објави дека амбасадорката Шарац била физички нападната во Мадрид.

Најостро го осудувам физички напад врз амбасадорот Шарац во центарот на Мадрид. Бараме од сите власти целосна истрага и одговорност за овој невиден инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја, изјави шефот на српската дипломатија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.