Откако замина во Русија со мајка му Мира Милошевиќ, не се знае многу за синот на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, Марко Милошевиќ. Според рускиот портал „Саговорник“, Марко има руско државјанство и е во врска со ќерката на поранешниот претседател на рускиот Уставен суд.

Марко наводно води неколку ноќни клубови во руската престолнина и оостана верен на својата голема љубов – автомобилите и моторите. Тој поседува два мотори – „Харли Дејвидсон“ и „Хонда ЦБР600Ф  и две коли во својата гаража: Audi A4 и Mitsubishi Lancer.

Ирина Баглај, ќерката на поранешниот претседател на рускиот Уставен суд Марат Баглај поседува  недвижен имот во елитен викенд одморалиште, каде што сега е регистриран Марко и 25 декари земјиште на Рубљовка – во туристичкото место Иљинскоје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.