Вчера во Белград почна да работи автоматскиот систем на детекција на пречекорување на дозволената брзина во зоните каде најмногу  не се почитуваше ограничувањето на брзината од 50 км/час. Станува збор за четири сообраќајни раскрсници во Белград, а освен овој систем, прекршоци откриваат и сообраќајните камери во Белград, а што снимаат открива Курир.рс.

Системот за автоматско откривање на пребрзо возење ќе се применува на булеварот Михајло Пупин – Бранков Мост, раскрсницата на булеварот Никола Тесла и Улица Ушќе, на раскрсницата на улиците Антифашистички Борба и Јуриј Гагарин, како и на булеварот Краља Александра кај маркетот Ѓерам, информираат од МУП.

Најавено е дека овие системи во наредниот период ќе бидат инсталирани и на некои други локации. Покрај овие системи, сообраќајните прекршоци ги откриваат и сообраќајните камери.

Во моментов се користат камери кои освен брзина откриваат поминување на црвено светло, па возење по жолта лента. Има и камери кои ги имаат потребните технички карактеристики за да можат да го снимат прекршокот на неносење појас, како и неправилна употреба на мобилниот телефон при возење.

Најпрво на сопственикот на возилото му се испраќа барање да даде информација за лицето кое го управувало возилото, во одредено време на одредено место. Оваа информација сопственикот е должен заедно со изјавата на возачот да ја достави до Министерството за внатрешни работи на Србија, по што полицијата против возачот ќе поведе соодветна прекршочна постапка. Доколку сопственикот на возилото не ја исполни својата обврска, се соочува со парична казна од 100.000 до 120.000 динари, како физичко лице. Тоа не е казна за прекршок направен со неговото возило, туку за недавање на бараните податоци за возачот. Исто така, во законот стои дека изјавата на возачот дека го управувал возилото мора да биде заверена на нотар.

Што се однесува до правните лица, за нив е предвидена глоба од 60.000 до 600.000 динари доколку не ги дадат бараните податоци за возачот.

Ова се казните за брзо возење:

Казна од 3.000 динари е предвидена за пречекорување на дозволената брзина во населено место до 10 км/ч.
Надминување на брзината од 11-20 км/ч – казна од 5.000 до 10.000 динари.
Надминување на брзина од 21 км/ч – 50 км/ч – казна од 6.000 до 20.000 динари.
Надминување на дозволената брзина од 51 km/h до 70 km/h – од 15.000 динари до 30.000 динари.
Надминување на брзината над 70 км/ч – од 100.000 до 120.000 динари, со минимум 15 дена затвор и 14 казнени поени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.