Македонски државјанин загинал во тешка сообраќајна несреќа која се случи на улицата „Партизански пат“ во Врање. Според неофицијални информации на српските медиуми автомобилот со регистерски таблици од Македонија излетал од патот и удрил во насипот.

Од полицијата велат дека се уште не се познати околностите, но потврдено е дека истрагата е во тек. Еден пациент е згрижен на Итна медицинска помош, дијагностиката е во тек.

Дел од патот е затворен, возилата се пренасочуваат на други патни правци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.