Две лица загинаа, а четворица се повредени, меѓу кои и Македонка и тројца грчки полицајци, по тешката сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 23:30 часот, а во која учествувале три автомобили и чопор диви свињи на 62 км од новиот национален автопат Солун – Нео Петрициу, во Кукуш, јавија грчките медиуми.

Патролно возило управувано од 42-годишен полицаец во кое како сопатници биле и двајца негови колеги на возраст од 44 и 36 години се судриле со чопорот диви свињи кои поминувале и притоа излетале од својата лента. Потоа, возило управувано од 56-годишен државјанин наМакедонија со 50-годишна сопатничка се судрило во истото стадо, се превртело и паднало во соседната нива.

Tретото возило со 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник се судрило со службеното полициско возило, при што животот го загубиле и двајцата патници во третиот автомобил.

Повредени се 50-годишната сопатничка од второто возило и тројцата полицајци, кои се задржани на лекување во Општата болница во Кукуш.

Одделението за сообраќај од Кукуш врши прелиминарна истрага за причините за несреќата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.