Вчера утрото околу 5,30 ч во близина на градот Суботица Војводина, се случила сообраќајна несреќа, во која има починато едно лице. Според пишувањето на тамошните медиуми, станува збор за велешанец.
„Околу 5,30 ч. на автопатот помеѓу наплатната рампа Суботица -југ и исклучувањето Биково во правец спрема Нови Сад, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и товарно возило комби. Во несреќата смртно настрада едно лице,на лице место, кое било во патничкиот автомобил“ – соопшти МУП на Србија.
Според пишувањето на тамошните локални медиуми, во периодот, утрото, кога се случила несреќата, било дождливо со лизгав пат.
Првите резултати од истрагата покажуваат дека до несреќата дошло кога возачот на Ауди изгубил контрола, најверојатно поради несоодветна брзина, возилото се префрлило на левата страна од коловозот, а потоа и на службениот премин меѓу коловозните ленти, што бил обезбеден со вертикални бариери.
Аудито ги удрило и ги срушило тие вертикални препреки, па удрило во заштитната ограда, од која се одбило, се завртило и преминало во коловозната лента наменета за движење на возилата од спротивната насока, удирајќи во камион кој се движел по десната лента.
После тој контакт, автомобилот застанал со задниот дел на насипот, а со предниот дел во лентата за застанување.
– Возачот на Аудито им подлегнал на повредите на лице место, а повредени се и двајца сопатници од тоа возило, како и возачот на камионот, објави Пинк.рс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.