Македонецот З.Љ. (48) кој утрово со скапо „Audi Q7“ слета во реката Босна во Добој, не е повреден, потврдија за Српскаинфо во Полициската управа во Добој.

Портпаролот на оваа Управа, Драгана Керкез изјави дека утрово околу 9.30 часот во Костајница кај Добој се случила сообраќајна несреќа кога автомобил излетал од патот кон реката Босна, пишува Српскаинфо.

Возилото го управувал З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето на возачите учествувале полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој и припадници на Територијалната противпожарна единица Добој – појасни Керкез.

Таа додаде дека тој превентивно бил испратен на преглед во Здравствениот дом Добој.

Увид извршиле полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој.

Како што претходно објави „Српскаинфо“, тој по несреќата излегол од автомобилот и се качил на покривот и чекал помош. Со чамец му помогнале полицајци, кои потоа го пренеле до брегот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.