Т.н „крал на кокаинот“ и еден од најбараните лица во Британија е уапсен во Бугарија.Бенџамин Мекан (32) е уапсен во понеделникот во хотел во градот Пловдив. Со себе имал лажен и вистински пасош на туѓо име.

Тој е обвинет за испорака на повеќе килограми кокаин во 2020 година користејќи шифрирани мобилни телефони, пишува Дејли Мејл.

Се сметаше дека Британецот се крие во Барселона, но властите влегоа во Бугарија по заедничка операција на британската национална агенција за криминал (NCA), бугарската полиција и шпанската цивилна гарда.

Мекан сега е во притвор во Бугарија и чека екстрадиција . Максималната казна за набавка на дрога од класа А е доживотен затвор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.