Лидерот на радикалната исламистичка организација Хамас, одговорен за нападот врз Израел на 7 октомври, побарал поддршка од властите на БиХ во специјално писмо што го испратил на адреса на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, објавија денеска локалните медиуми.

Порталот istraga.ba објави копија од писмото потпишано и испратено на адреса на Конаковиќ на 11 октомври од Исмаил Ханија, политичкиот лидер на Хамас. Копијата изгледа автентично, а писмото е на хартија која ги содржи официјалните обележја на таа организација, пренесува Н1.

Министерството за надворешни работи на БиХ не го коментираше ова писмо, но партијата Народ и Правда (НиП), предводена од Конаковиќ, во четвртокот зборуваше за конфликтите на Блискиот Исток со соопштение во кое го осудува секое насилство, особено насилството врз цивилите.

„Истрага’: Лидерот на Хамас му пишал на шефот на дипломатија на БиХ и побарал помош



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.